Top Sport

Во Марсеј со огномет го славеа поразот на ПСЖ

Поразот на ПСЖ од Баерн Минхен (0:1) бурно се славеше во јужниот дел на Франција. Навивачите на Олимпик Марсеј со големо внимание го следеле финалето во Лисабон, а по завршувањето на натпреварот низ градските улици го славеле поразот на нивните ривали од Лига 1.

Навивачите на Марсеј го славеа успехот на Баерн и фактот дека нивниот тим ќе остане единствениот во Франција кој ја има освоено Лигата на шампионите.

Поразот на ПСЖ фановите на Марсеј го славеа со огномет и непристојни песни со кои ги навредувале ривалите од Париз.

По мечот се огласил и капитенот на Марсеј Дмитри Паје со пораката: „Историја. Еден клуб. Еден град“.

Во исто време додека во Марсеј се славеше победата на Баерн, во Паризн навивачите на ПСЖ правеа инциденти поради кои неколку пати интервенираа полициските сили.

 

Scroll to Top