Top Sport

Куман: Барселона е мојот дом и не можам да сум посреќен

Роналд Куман оцени дека Барселона е неговиот дом и признав дека е „многу среќен“ што добил шанса да стане тренер на клубот од „Ноу Камп“ иако тоа доаѓа во услови кои не се најсреќни за каталонскиот клуб.

Куман се повлече од селекторската позиција во Холандија за да се врати во Барса, заменувајќи го Кике Сетиен, кој беше отпуштен по 8:2 поразот од Баерн Минхен. Пред него се наоѓа незавидна задача да го изгради тимот кој беше на удар на критиките и во исто време да го убеди Лионел Меси да остане во клубот.

57-годишниот Холанѓанец освои четири титули од Ла Лига и една од Европскиот куп за Барселона, по што беше помошник тренер на „Ноу Камп“ од 1998 до 2000 и вели дека не можел да ја одбие понудата од неговиот тим.

„За мене Барселона е дом. Во претходните посети на градот нешто ми недостасуваше бидејќи не доаѓав да работам за ФЦ Барселона. Сега сум тренер и многу сум среќен. Без разлика дали си тренер, играч или вработен во клубот, треба да знаете дека сте во најдобриот клуб на светот и дека нема подобра работа. Сакам да играм офанзивен фудбал и да освојувам титули, бидејќи тоа е најважното. Јас сум тренер кој сака дисциплина и организација во клубот. Сакам да доминирам, а бидејќи сум Холанѓанец, сакам напаѓачки фудбал“, вели Куман.

Тој останува на уверувањето дека може да го убеди Лионел Меси да не замине од клубот каде што ја помина цела кариера.

„Вистинско задоволство е да имате фудбалер како Меси во тимот. Со неговиот квалитет, тој ќе најде совршено место во новата еволуција на тимот“, додава Куман.

Scroll to Top