Top Sport

Италијанците првпат од март гледаа фудбал на стадион, Елмас во акција!

Првпат од март, италијанската публика имаше шанса да гледа фудбал во живо, откако Наполи и Елиф Елмас ги почнаа подготовките во летниот камп во Кастел ди Сангро, каде што ќе се до 4 септември.

На стадионот имаше само 500 гледачи, за да се обезбеди социјалното дистанцирање, а сите гледачи носеа маски. Наполи претходно потврди дека сите билети за подготвките на клубот се продадени.

Претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис беше на трибините да го гледа мечот меѓу играчите на клубот, а новото засилување на клубот, Виктор Осимхен го постигна својот прв гол за клубот.

Scroll to Top