Црвена звезда успеа да стигне до тесна победа од 1:0 на жешкото гостување кај Тирана и да се пласира во третото коло од квалификациите во Лигата на шампионите, каде што е и грчки ПАОК по убедливата 3:1 победа над Бешикташ, во уште еден потенцијално „жежок“ политички фудбалски дуел.
Тирана, каде што играат македонските итнернационалци Филип Најдовски и Кристијан Тошевски, имаше подобро прво полувреме, во кое гостите од Белград немаа ниту еден удар на голот на Тирана, пред во 65. минута по еден корнер на Александар Катаи, Португалецот Томане да успее да постигне гол за гостите.
На „Тумба“ во Солун пак, ПАОК имаше фантастичен старт на мечот и со двата гола на Христос Цолис (7. и 24. минута) поведе со 2:0, за Димитриос Пелкас по половина час да го зголеми водството на 3:0. Кајл Ларин да намали на 3:1 во 37. минута, по што ПАОК имаше и промашен пенал во првото полувреме.