Top Sport

Лев останува на своето – во германската репрезентација нема место за Милер и Боатенг

Германскиот селектор Јоаким Лев вели дека нема причина да ги врати во репрезентацијата фудбалерите на Баерн Минхен, Томас Милер и Џером Боатенг и покрај тоа што Баварците ја освоија титулата од Лигата на шампионите со двајцата фудбалери како стартери.

30-годишниот Милер и 31-годишниот Боатенг беа изоставени од изборот на Лев минатата година, откако селекторот реши да не ги повикува заедно со Матс Хумелс. Лев вели дека одлуката е истата и дека тројцата нема да се во тимот кој ќе игра со Шпанија и Швајцарија во Лигата на нации.

„Двајцата фудбалери имаа добри перформанси и покажаа колку вредат за Баерн Минхен. Меѓутоа, по Светското првенство, решивме за промена и за давање на шанса на други фудбалери на кои треба да им се остави простор да се развиваат“, вели Лев.

Лев првпат ги повика во репрезентацијата Оливер Бауман, Робин Госенс и Флоријан Нојхаус, а Тони Крос со 30 години е најстариот фудбалер (освен голманот Мануел Нојер). Само Крос и Илкај Гундоган имаат над 26 години во селекцијата.

„Имаме млади фудбалери кои се развиваат одлично и мораме да ги следиме промените. Затоа нема причина да ја менуваме насоката. Во моментов не гледам причина бидејќи патот по кој се движиме е добар“, вели Лев.

Scroll to Top