Русинката Јулија Винс е светска рекордерка во кревање товар (пауерлифтинг), која стана вистинска сензација во нејзината тактовина поради нејзиното мускулесто тело комбинирано со лице на „Барбика“.
24-годишната Винс, која крева товар седум години е светска рекордерка со 252.5 кренати килограми со „сквот“ и рекордерка со кревање на клупа од 165 килограми.
„Кога имав 15 години, сфатив дека морам да сменам нешто во животот бидејќи не бев задоволна од неактивноста и од тоа што бев многу слаба. Затоа решив да станам посилна – физички и ментално. Ме викаат ’Мускулеста Барби’ и тоа не ми пречи. Имам големи очи и секогаш имам шминка. Но, во исто време сум и многу силна“, вели Винс.
Инаку, за споредба, нејзиниот бицепс има дијаметар од 40 сантиметри.