Кошаркарите на НБА франшизите од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс не сакаат да продолжи сезоната. На состанокот на тимовите на кој се дискутирало околу продолжувањето на сезоната Лејкерс и Клиперс гласале за бојкот на сезоната, додека останатите тимови биле против.
На состанокот на играчите, најголемата ѕвезда во лигата Леброн Џејмс рекол дека сака нса клубовите повеќе да се вклучат во целата ситуација и на направат нешто конкретно кога е во прашање расизмот.
Играчот на Мајами Хит Јудонис Хаслем прашал дали може сезоната да продолжи без Лејкерс и Клиперс.
Потоа Леброн Џејмс го напуштил состанокот, а неговиот пример го следеле останатите играчи на екипите од Лос Анџелес.
Американските медиуми пренесуваат дека состанокот заврши „лошо и грдо“ и дека Џејмс не сака да игра кошарка.
Тренерот на ЛА Клиперс, Док Риверс, на своите играчи им предложил да останат во Орландо и да играат кошарка.