Јапонката Наоми Осака во драматичен меч против Анет Контавејт избори пласман во полу-финалето на Синсинати мастерсот, кој се игра во Њујорк, а потоа објави дека се повлекува од турнирот.
Осака се повлече во знак на протест поради новиот случај на полициска бруталност во САД, ранувањето на Џејкоб Блејк во сојузната држава Висконсин.
„Има многу поважни работи од тенисот, работи кон кои итно треба да се насочиме. Болка во желудникот ми предизвикува кога гледам како полицијата константно врши геноцид врз црнците“, напишала Осака на „Твитер“.
Инаку, на Синсинати мастерс, денес на програмата требаа да бидат полу-финалните мечеви, но тие нема да се играат бидејќи турнирот е привремено прекинат.
Во САД веќе се одложени натпревари во НБА, МЛС и женската НБА лига.