УФЦ фајтерот Колби Ковингтон ги критикуваше Леброн Џејмс и другите НБА ѕвезди поради најавениот бојкот на остатокот од сезоната поради расната неправда, порачувајќи им да станат полицајци ако сакаат да направат промена.
Милвоки бакс предизвикаа бура одложувања во НБА лигата откако одбија да излезат на теренот за петтиот меч од плејоф пресметката со Орландо во знак на протест на застрелувањето на Џејкоб Блејк во Висконсин. НБА ги откажа сите мечеви, исто како и безбол МЛБ лигата, како и фудбалската МЛБ лига, а на пауза се стави и тенискиот Синсинати Мастерс.
Ковингтон, кој е голем поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, се потсмеваше со овие одлуки.
„Ох, вау, ги одложивте мечевите? Сакате навистина да докажете дека сте за промена. Откажете се од мултимилионските договори и животите полни со привилегија играјќи детска игра, за да добиете помала плата и да ја извршувате најтешката раобта во Америка. Станете полицајци“, напиша Ковингтон.
Секако, коментарите под оваа објава беа брутални, како и предлогот да влезе во кафезот со Леброн Џејмс.
Oh wow, you postponed your games?! Wanna prove you’re really about change? Quit your multi million dollar jobs and soft privileged lives playing a kids game, take a massive pay cut and perform the toughest job in America. Become cops!!!! @NBA @MLB @KingJames
— Colby Covington (@ColbyCovMMA) August 27, 2020
УФЦ: Ковингтон се потсмева со корона вирусот и откажувањата (видео)