Претседателот на САД Доналд Трамп ги критикувал НБА играчите кои ги бојкотираа натпреварите во знак на протест поради убиството на Џејкоб Блејк во сојузната држава Висконсин.
Во средата кошаркарите на Милвоки Бакс решија да не излезат на теренот против Орландо Меџик во знак на протест против расната дискриминација.
„Не знам многу за протестите во НБА. Знам само дека гледаноста им е лоша, мислам дека луѓето се уморија од НБА. За протестите не знам многу, Тие станаа политичка организација и тоа не е добро ниту за спортот ниту за државата“, рекол Трамп.