Top Sport

Коларов пред трансфер во Интер

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија Александар Коларов се наоѓа пред трансфер во Интер, тврдат италијанските медиуми. Коларов влегува во последната година од договорот со Рома во која пристигна во 2017 година од Манчестер сити. За „волчицата“ има одиграно 100 натпревари.

Антонио Конте се откажал од Емерсон Палмиери од Челси и решил да донесе квалитетен играч за помалку пари. Трансферот на Коларов Интер ќе го чини нешто помалку од 10.000.000 евра.

Конте сметал дека поради своите офанзивни карактеристики Коларов идеално би се вклопил во неговата 3-5-2 формација.

Србинот за место во тимот ќе се бори со Ешли Јанг.

Scroll to Top