Новата британска надеж во тешка категорија, „Динамит“ Даниел Дубоа се врати во рингот со импреисивна победа со четири нокдауни во две рунди да го декласира Холанѓанецот Рикардо Снајдерс.
Дубоа, кој има само 22 години, сега ќе боксува со својот сонародник Џо Џојс за британската титула на 24 октомври и ќе го чека овој меч охрабрен со импресивната победа. Дубоа трипати го прати Снајдерс во нокдаун при крајот на втората рунда, по што го нокаутираше 26-годишниот Снајдерс во втората.
„Ова беше само загревање. Следниот пат ќе имам вистински фајтер во Џо Џојс и ќе го повторам ова. По осум месеци ми требаше меч“, вели Дубоа.
Job done.
Daniel Dubois stops Ricardo Snijders.
Now on to the big one with Joe Joyce ? pic.twitter.com/AittLsob1A
— Boxing on BT Sport ? (@BTSportBoxing) August 29, 2020