Top Sport

Мурињо: Документарецот ќе покаже дека не сум лудак

Жозе Мурињо инсистира дека документарниот филм за Тотенхем кој ќе биде објавен во понеделник ќе покаже дека тој не е „лудак“ и дека го покажува неговиот вистинскати карактер.

Мурињо во ноември го презеде својот трет англиски тим, заминувајќи го Маурисио Почетино во Тотенхем по двата успешни периоди во Челси и едниот неуспешен во Манчестер јунајтед. Во Лондон тој се обидува да ја поправи својата репутација, а неговите први девет месеци на клупата на Тотенхем ќе бидат претставени во документарниот филм „Сè или ништо“ на „Амазон прајм“ во понеделник. Тој верува дека со филмот ќе се срушат некои погрешни претстави за неговиот карактер, но неколкуте кратки снимки кои се објавија не помогнаа во тоа, откако тој пцуеше во нив.

„Ако луѓето ги гледаат тие снимки ќе мислат дека сум некој лудак. Во документарниот филм ќе го видат вистинскиот Жозе. Ништо не е лажно таму. Многумина имаат некоја претстава за мене и сега ќе видат дали тоа е вистинската претстава. Ќе видат каков сум јас како тренер секојдневно. Понекогаш беше чудно по снимањето, но се навикнав“, вели Мурињо.

Scroll to Top