Победата на Раднички Ниш од 2:0 над Пролетер Нови Сад во српската Суперлига уште еднаш ги покажа сите негативни страни на балканскиот фудбал – од вербални расправии, тепачка, и до бизарната дозвола на судијата да се направат дури шест замени.
По крајот на првото полувреме, прво почна расправијата, која наскоро се решаваше со тупаници, а ниту судијата не се прослави со дозволата на Пролетер да внесе шест измени кога поради корона вирусот се дозволени пет измени.