Top Sport

Имобиле го продолжи договорот со Лацио

Европската „Златна копачка“ Чиро Имобиле (30) го продолжил договорот со Лацио. Имобиле потпишал нов пет годишен договор што значи дека планот му е кариерата да ја заврши во Лацио.

Лацио потврди дека напаѓачот го продолжил својот договор до 2025 година.

Чиро Имобиле пред четири сезони за нешто помалку од 10.000.000 евра од Севилја се пресели во Лацио. Досега има постигнато 125 гола за Лацио и се наоѓа на третото место на вечната лисата, на која водечки е Силвио Пиола со 159 голови.

Имобиле во кариерата настапувал за Торино и Борусија Дортмунд.

Scroll to Top