Top Sport

Пјаниќ сакал да игра со Меси, поради тоа ги одбил ПСЖ

Миралем Пјаниќ во финишот на минатата сезона прифати трансфер во Барселона. Јувентус и Барселона разменија играчи, Пјаниќ се пресели на „Ноу Камп“, а во Јувентус пристигна Артур Мело.

Пјаниќ, во моментите кога Барселона и Јувентус ја договараа размената имаше понуди од уште неколку други екипи, се согласи на трансфер во „Блауграна“ поради можноста да игра со Лионел Меси.

„Дојдов во Барселона за да играм со Меси. Поради тоа одбив многу подобар договор кој ми го понудија Пари Сен Жермен“, изјави Пјаниќ пред еден месец.

Желбата на Пјаниќ нема да му се исполни бидејќи Аргентинецот во вторникот побара да го раскине договорот со клубот. Тој вчера не се појавил во клубот на почетокот на подготовките што само ја покажува неговата желба за заминување.

Scroll to Top