Герет Бејл во интервју за „Скај спортс“ тврди дека не би имал ништо против враќање во Премиер лигата, но дека Реал Мадрид ги прави „работите многу тешки“ за него.
31-годишниот Велшанец за малку ќе заминеше од Реал минатото лето, но клубот во последен момент го блокираше трансферот во Кина, и сега тој првпат јавно признава дека работите не се најдобри за него на „Сантијаго Бернабеу“.
„Убаво е да те ценат со велшката репрезентација, да се вратиш на место каде што повеќе те ценат и навивачите те поддржуваат. Се обидов да заминам од Реал Мадрид, но клубот ги прави работите многу тешки. Имам договор со нив, така што тоа е во нивни раце. Ако има опција за враќање во Премиер лигата би размислил за тоа. Има уште од преодниот рок“, вели Бејл.
Напаѓачот имаше само 20 настапи за Реал минатата сезона, а само двапати влезе во игра по враќањето на шпанскиот фудбал по паузата поради корона вирусот.
„Имаше и други можности да заминам од клубот, но тие не го дозволија тоа. Сакам да играм фудбал, не сум ја загубил мотивацијата. Имам 31 година, но се чувствувам во одлична форма и знам дека имам што да дадам во фудбалот“, вели Бејл.