Еден час по полноќ по средно-европско време од Аргентина пристигна сензационална вест. Новинарот Мартин Аревало кој прв објави дека Лионел Меси по брза пошта минатиот вторник побарал од Барселоан да му биде раскинат договорот, има нова ексклузива.
„Лео сериозно размислува да остане во Барселона до наредното лето, а потоа во голем стил без обесштетување да го напушти клубот. 90 отсто се шансите Меси да остане во Барселона. Дополнете дека таа одлука официјално би можел да ја соопшти денес“.
Информацијата на новинарот дојде четири часа по завршувањето на состанокот помеѓу Џозеп Бартомеу и директорот на Барселона Хавиер Бордас од една и таткото на Меси и адвокатот Жорген Пекур од друга страна, на кој според изјавите не бил постигнат никаков договор.
„Овој четврток ќе го даде одговорот околу иднината на Меси. Меѓутоа најреално сценарио е она кое до вчера се чинеше невозможно. Меси сериозно ја разгледува опцијата да остане до јуни 2021 година“, напишал Аревало откривајќи што го натерало Меси да ја смени одлуката.
„Водачот на Барселона буквално го молел да остане“.