Вториот носител на САД опен, Доминик Тим влезе во бизарна расправија со шефовите на турнирот во Њујорк, откако на својот 27. роденден стигна до 6:3/6:3/6:2 победа над Индиецот Сумит Нагал, но не му беше дозволено да пие Ред бул директно од лименка, поради правилата за спонзори на турнирот.
Во финишот на мечот, Тим беше налутен кога му беше наредено од лименката да тури во чаша без ознаки и подалеку од ТВ-камерите.
„Сакаа да одат со отворена лименка и да турат во чаша без јас да го гледам тоа. Тоа ме нервираше бидејќи анти-допинг правилата се толку строги и не смеам да дозволам да пијам нешто што не гледам“, вели Тим.
Thiem is PISSED off because he was not allowed to drink straight from the Red Bull-can.
Oh dear… pic.twitter.com/7cTYXqD4k8
— Alex Theodoridis (@AlexTheodorid1s) September 3, 2020
Thiem FINALLY got his Red Bull in a cup.
However, the USTA-guy is doing everything in his power not to show the label. Lol. pic.twitter.com/PexGXxGJmM
— Alex Theodoridis (@AlexTheodorid1s) September 3, 2020