Top Sport

Четворица од Ливерпул и двајца од Сити со номинации за „играч на годината“

Асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА) го објави скратениот список за наградата „играч на годината“ во Премиер лигата. На конечната листа четворица од Ливерпул и двајца од Манчестер сити.

Меѓу кандидатите се минатогодишниот лауреат Вирџил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд кој е во конкуренција и за „малд играч на годината“, Џордан Хендерсон и Садио Мане.

Од Манчестер сити меѓу номинираните се Кевин де Бријне и Рахим Стерлинг.

На скратената листа за „млад играч на годината“ покрај Арнолд се и Тами Ејбрахам и Мејсон Маунт од Челси, Маркус Рашфорд и Мејсон Гринвуд од Манчестер Јунајтед и Букајо Сако од Аесенал.

 

Scroll to Top