Top Sport

Јокиќ со „генијална“ или со случајна асистенција?

Српскиот центар Никола Јокиќ беше еден од клучните кошаркари на Денвер нагетс со своите 26 поени и 18 скокови предводејќи ги до израмнување на плејоф серијата со Лос Анџелес клиперс, замолчувајќи ги своите критичари и правејќи го најинтересниот потег на вчерашниот натпревар – асистенција која можеби беше сосема случајна.

Џамал Мареј се обидува да влезе под кошот, но кога пред него се најде Пол Џорџ, тој му ја додава топката на Јокиќ, кого таа го удира, а потоа со мало допирање ја додава до Мареј, кој успеа да постигне поени.

Дали се работеше за случајност или за „генијална“ проценка на играта, проценете сами.

Scroll to Top