Улогата на несудениот македонски репрезентативец Дејан Кулушевски при домашниот пораз на Шведска од 0:1 од Франција предизвика контроверзи во нордиската земја, а со свој коментар се јави и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.
Се очекуваше дека 20-годишното ново засилување на Јувентус, ќе добие шанса од почетокот на мечот, но тој влезе само во последните 20 минути и по мечот не го криеше разочарувањето.
„Мислам дека беше чудно, но морам да ја почитувам одлуката. Се надевав дека ќе влезам порано или да бидам во тимот од стартот бидејќи се чувствував добро на тренинзите. Се надевам дека ќе стартувам следниот меч“, изјави Кулушевски.
Селекторот Јане Андерсон беше нервозен на прес-конференцијата кога постојано беше прашуван за отсуството на Кулушевски.
„Ќе видиме дали ќе добие повеќе време во вторник. Има квалитети да израсне во голем фудбалер, но сега може да зборуваме за тие што играа добро, нели? Мислам дека тоа е многу поинтересно“, изјави Андерсон.
Ѕвездата на Милан и поранешен шведски репрезентативец, Ибрахимовиќ се јави во одбрана на сонародникот.
„Вистинска шега. Уште еден доказ дека имаме некомпетентни луѓе на погрешни позиции кои го задушуваат шведскиот фудбал“, напиша Ибрахимовиќ.
Vilket jävla skämt.
Ytterligare ett bevis.
Inkompetenta personer på fel positioner som kväver svensk fotboll.https://t.co/I0RBYZO561— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) September 6, 2020