Top Sport

Италија со голема победа во Амстердам, Халанд-шоу во Белфаст!

Италија на Роберто Манчини се врати на победите, откако во Амстердам успеа со 1:0 да ја совлада Холандија и да го преземе првото место на табелата во групата 1 во Лига А во Лигата на нации на УЕФА.

Манчини стартуваше со само четири фудбалери од составот кој одигра 1:1 со Босна и Херцеговина, и мотивацијата на младите фудбалери се покажа бидејќи посебно во првото полувреме „аѕурите“ ја контролираа играта што беше крунисано во финишот на полувремето, кога Николо Барела постигна редок гол со глава по асистенцијата на Чиро Имобиле.

Во истата група, Полска се врати од раното водство на Босна и Херцеговина за да стигне до 2:1 победа и да се израмни со Холандија со три поени по два меча.

Во Лига Б, вистинска ѕвезда беше напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, кој постигна два гола и асистираше на уште еден за Норвешка да стигне до импресивна 5:1 победа на гости кај Северна Ирска. Таму Романија е лидер откако успеа на гости да ја совлада Австрија со 3:2.

Чешка со тим составен од „резервни“ играчи по одлуката на УЕФА да ги „изолира“ фудбалерите кои биле во контакт со позитивни на КОВИД-19, успеа да поведе против Шкотска, но на крајот не ја заддржа предноста и загуби со 1:2 во Оломоуц.

УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 1

Холандија – Италија 0:1

Босна и Херцеговина – Полска 1:2

Табела: 1.Италија 4, 2.Холандија 3, 3.Полска 3, 4.БиХ 1

ЛИГА Б, ГРУПА 1

Австрија – Романија 2:3

Северна Ирска – Норвешка 1:5

Табела: 1.Романија 4, 2.Австрија 3, 3.Норвешка 3, 4.С.Ирска 1

ЛИГА Б, ГРУПА 2

Чешка – Шкотска 1:2

Израел – Словачка 1:1

Табела: 1.Шкотска 4, 2.Чешка 3, 3.Израел 2, 4.Словачка 1

ЛИГА Ц, ГРУПА 4

Казахстан – Белорусија 1:2

Албанија – Литванија 0:1

Табела: 1.Казахстан 3, 2.Албанија 3, 3.Белорусија 3, 4.Литванија 3

ХОЛАНДИЈА – ИТАЛИЈА

СЕВЕРНА ИРСКА – НОРВЕШКА

Scroll to Top