Домашниот натпреварувач Сунг Бин Кин го освои златниот медал во скелетон на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Кореецот по четири возења оствари најдобар резултат 3:20.55 минути и го освои звојот прв медал на Игрите. Златото што го освои „Ајронмен“ е второ за домаќинот Јужна Кореја на ЗОИ, откако пред четири дена Хјо Јун Лим победи на трката на 1.500 во брзо лизгање на кратки патеки.
Кин го доби прекарот „Ајронмен“ бидејќи на кацигата има мотиви од овој популарниот стрип и филнски херој.
It’s another medal for the host country #KOR as Sungbin Yun takes #Gold in Men’s #Skeleton at #PyeongChang2018.
More here: https://t.co/mcdwDf3cBj pic.twitter.com/KWRLonoP7d
— Olympic Channel (@olympicchannel) February 16, 2018
Второто место во скелетон го освои олимпиецот од Русија Никита Трегубов, кој имаше одлично возење во последната серија и од петтото се искачи на второто место, а бронзата ја освои Британецот Доминик Парсонс.
Медалот на Парсонс е прв за Велика Британија од почетокот на ЗОИ.
На трката потфрли второпласираниот од претходните две олимпијади Летонецот Мартинс Дукурс кој заврши на четвртата позиција, а неговиот брат Томас беше петти.