Top Sport

Екссопругата на Хулк удри по внуката која се омажи за фудбалерот

Поранешната сопруга на бразилскиот фудбалер Хулк влезе во остар напад на нејзината внука, која се омажи за фудбалерот откако ја остави со порака дека „морала да закопа ќерка додека таа уште е жива“.

34-годишниот Хулк се раздели со својата сопруга Иран Анжело де Соуза минатото лето, пред неколку месеци подоцна да објави дека е во врска со нејзината внука Камила. Неодамна, фудбалерот потврди дека е во брак со Камила. Иран во интервју за португалскиот весник „Рекорд“ се отвори за ситуацијата.

„Се будам и одам на спиење без да разберам што точно ми се случи. Болката е голема, понекогаш ми доаѓа да го искорнам срцето. Таа ми беше како ќерка. Дадов сè за таа девојка, ги жртвував моите соништа за да ги исполнам нејзините и не зборувам само за материјални работи. Лесно е да се дадат пари, но почит, љубов, разбирање се многу потешки. Згрешив бидејќи ја сакав и верував во неа“, вели Иран.

Напаѓачот на Шангај СИПГ, Хулк, со вистинско име Живанилдо Виеира де Соуза, беше оженет 12 години со Иран и со неа има три деца: Алис, Јан и Тијаго.

Хулк се ожени со внуката на својата поранешна сопруга!

Scroll to Top