Оливие Жиру признава дека одбил шанса да потпише договор со францускиот прволигаш Лион во јануари поради неговиот постојан конфликт со Карим Бензема.
Жиру и Бензема го растурија пријателството уште во 2015 година, кога Бензема беше обвинет дека го уценувал Матју Валбуена со секс-лента и поради тоа беше исфрлен од француската репрезентација. Ситуацијата не се поправи оваа година кога Бензема се спореди со Формула 1, а Жиру со картинг трки.
Во новата автобиографија, Жиру признава дека не сакал да потпише за младинскиот клуб на Бензема од страв од конфликт.
„Од фудбалска гледна точка, немаше проблем со таква понуда и трансфер. Но, не сакав ниту најмалку да ризикувам опасност за моето семејство, посебно по реакциите на некои луѓе тогаш“, пишува Жиру.