Еден Азар повторно се појавил на тренинзите пред стартот на новата сезона од Ла лига со вишок на килограми, предизвикувајќи бес кај Зинедин Зидан и првите луѓе во Реал Мадрид, тврдат шпанските медиуми.
Според шпанскиот „АБЦ“, Белгиецот имал дури 6 килограми вишок од идеалната тежина, што посебно го изнервирало Зидан, кој смета дека рекордното засилување на Реал мора да се потврди на теренот. Минатата недела Азар беше дел од белгиската репрезентација на мечевите од Лигата на нации, но не одигра ниту една минута.
Според „Спорт“, пак, Азар заостанува во физичката форма „две три недели“ зад остатокот на тимот и се очекува 20-годишниот Винисиус Жуниор да има стартна позиција на неговото место на почетокот на сезоната.
Азар постигна само еден гол за Мадрид минатата сезона, а и самиот призна дека 2019/20 била неговата најлоша сезона во кариерата и покрај тоа што „кралевите“ ја освоија 34. титула во Ла лига.