Јувентус денес би требало да го реши горливото прашање, на кое челниците работат во овој преоден рок. Откако синоќа и официјално го раскинаа договорот со Гонзало Игуаин, челниците на Јувентус во текот на денот би требало да го претстават новиот напаѓач.
Од почетокот на преодниот рок неколку имиња се поврзуваа со „старата дама“: Един Џеко, Аркадијуш Милик, Александар Лаказет, Луис Суарез и Алваро Мората.
Откако не успеаја со ниту еден од нив од Торино решија да ја шокираат јавноста со изборот на новата „деветка“. Нападот на Јувентус наредната сезона ќе го предводи Оливие Жиру.
Експертот за трансфери, новинарот Џанлука Ди Марцио, тврди дека Јувентус и 33 годишниот Жиру договориле две годишна соработка. Челси од трансферот ќе заработи 5.000.000 евра, а Жиру ќе заработуа 4.500.000 евра годишно.