Top Sport

Банега му се извини на Конте за „шегата“ со периката

Поранешниот капитен на Севилја, Евер Банега му се извини на тренерот на Интер, Антонио Конте откако во финалето на Лига Европа се потсмеваше со периката на италијанскиот тренер.

По пет сезони во шпанскиот клуб, Банега направи трансфер во Ал-Шабаб, и на прес-конференцијата се извини за „грдиот инцидент“.

„Тоа беше во жештината на моментот. Му се извинувам на Конте ако му пречеше тоа што го направив“, изјави 32-годишниот Аргентинец.

Тој една сезона беше фудбалер на Интер, пред да се врати во Севилја во 2017 и за „нераѕурите“ постигна 6 гола и 7 асистенции.

Конте чека да го „тепа“ Банега за навредата за неговата перика!

Scroll to Top