Top Sport

Исландската тинејџерка открива: Фоден си замина многу среќен

Исландската тинејџерка Лара Клаусен во ексклузивно интервју за британскиот таблоид „Дејли мејл“ вели дека фудбалерот на Манчестер сити, Фил Фоден си заминал среќен од нејзиниот кревет пред обезбедувањето на англискиот селектор Герет Саутгејт да влета во нејзината соба во 6 часот наутро.

Клаусен открива дека спиела со англискиот фудбалер само неколку часа откако тој дебитираше за англиската репрезентација против Исланд, но дека не знаела дека Фоден има девојка и син. 20-годишниот Фоден и 18-годишниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд ги прекршија строгите правила за изолација поради КОВИД-19 на Исланд со носењето на девојките во хотелските соби. Двајцата беа исклучени од репрезенацијата откако беа казнети 1.360 фунти од исландската полиција и потоа се извинија.

Лара Клаусен во интервјуто за „Дејли мејл“ открива дека заедно со нејзината братучедка Надја Сиф Линдал Гунарсдотир отишле во хотелот да ги сретнат младите фудбалери и изнајмиле две соби во хотелот откако Гунарсдотир преку Интернет апликација се договорила со Гринвуд.

„Надја ми се јави и ми кажа дека фудбалер со име Фил бара пријателка. Прашав кој е тој, и тој беше навреден што него познавам. Го проверив на Инстаграм и се согласив да дојдам во хотелот. Платив 10.000 круни за соба во хотелот (55 фунти) и Фил ми кажа дека ќе ми ги врати парите, но тоа не се случи. Им кажавме дека не знаеме ништо за фудбалот и дека немаме поим кои се тие и тоа им беше смешно. Мејсон лажеше дека има 20 години, а всушност има 18. Фил се пофали дека е во Гинисовата книга на рекорди како најмлад фудбалер со некој трофеј. Се шегувавме. Не ми кажа ништо за личниот живот и сигурно не спомена дека има девојка и дете. Мислам дека убаво си поминавме. Тој зборуваше убаво за мене и кажуваше колку сум убава. Си замина задоволен“, вели Лара.

Откако си заминале во своите соби, неколку часа подоцна Саутгејт го пратил обезбедувањето да ги најде Фоден и Гринвуд.

„Влетаа во собата и викаа: Каде се момчињата, каде се момчињата. Не третираа без почит како да не вредиме ништо. Беше засрамувачки“, признава девојката.

Се појави видео од разговорот на Фоден и Гринвуд со исландските девојки

Scroll to Top