Top Sport

Денвер се врати „од мртвите“, Бостон оди на Мајами во борбата за Истокот

Иако ЛА Клиперс водеа од првата до 42-та минута на петтиот меч во серијата против Денвер Нагетс, сепак тоа не беше доволно за победа и илиминација на конкурентот. Денвер „преживеа“, триумфираше со 111-105 и го намали водство на Клиперси на 3-2 во победи.

Најзаслужни за ваквиот епилог беа Никола Јокиќ и Џемал Мареј. Српскиот ас мечот го заврши со 22 поени и 14 скока, додека Мареј на своето конто запиша 26 поени. Секако мора да се спомене и учинокот на ветеранот Пол Милсап, посебно во последната четвртина кога постигна 14 од своите 17 поени на мечот.

Денвер во првиот дел губеше -16, а на 7 минути до крајот на мечот Јокиќ погоди тројка за тогаш 89-88 и прво водство на мечот.

Кај Клиперси најдобар беше Каваи Ленард со 36 поени, 9 скока и 4 асистенции, а Пол Џорџ придодаде 26 поени.

Бостон Селтикс ќе е противник на Мајами во конференциското финале на Истокот откако „Келтите“ во мајсторката против Торонто Репторс триумфираа со 92:87.
Џејсон Тејтум беше предводникот на Бостон со 29 поени, 12 скока и 7 асистенции.

Scroll to Top