Атомски фудбал на „Енфилд“ попладнево. За жал Македонецот Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед) целиот меч го проследи од клупата за резерви.
Шампионот во Премиерлигата од минатата сезона, Ливерпул го пречека повратникот во елитното друштво, Лидс, па на мечот можеа да се видат ревија убави голови и потези. На крајот фаворитот со гол во 88 минута стигна до 4-3 и стартни 3 бода во одбрана на титулата.
Резултатот беше отворен многу рано, уште во 4 минута од пенал. Салах шутираше кон противничкиот гол, а топката удри во раката на дефанзивец на Лидс. Токму Салах ја изведе најстрогата казна и погоди за 1-0.
Само 8 минути подоцна, Харисон носи изедначување. По одличниот продор од левата страна го матираше Алисон и го израмни резултатот.
На 2-1 за шампионот зголеми Ван Дајк, по еден корнер од левата страна. Со глава биеше силно, а интервенцијата на голманот Меслие не беше најсреќна.
Но Лидс не се предаде. Повторно изедначување, 2-2.
По една долга топка, Ван Дајк не ја отстрани опасноста пред својот гол, па Бамфорд мудро ја смести топката под Алисон за ново израмнување.
Во првото полувреме Ливерпул постигна и трет погодок. На една одбиена топка во 33 минута налета Салах и ја смести под пречката.
Во вториот дел темпото се намали, а Ливерпул беше тимот кој создаваше шанси и шутирише кон голот на Лидс.
Сепак „црвените“ до самиот финиш стрепеа за трите бода затоа што Клич во 66 минута по третпат на мечот го изедначи резултатот, 3-3.
Победата за шампионот ја донесе Салах, повторно од белата точка, откако новото засилување за Лидс, Родриго непромислено стартуваше над резервистот Фабињо во шеснаесетникот.
Ливерпул упати 6 удари кон противничкиот гол, 4 завршија на вистинското место, додека трите удари во рамките на голот на Алисон завршија зад неговиот грб.