Вардар стигна до импресивна 1:0 победа над Шкупи во дербито на петтото коло во македонската Прва лига за да ја продолжи добрата серија против градскиот ривал и во исто време да го спречи да се искачи на првото место на табелата.
Голот на Матеј Цветановски во 59. минута по несигурната интервенција на голманот Кристијан Наумовски беше доволен за три поени и прекинување на низата од два меча без победа за „црвено-црните“. За Шкупи ова е прв пораз оваа сезона и остануваат на третото место на табелата со 10 поени, колку што има и второпласираниот Силекс, додека лидер е Шкендија со 11 поени.
И Работнички победи по два меча пауза, откако триумфираше со 1:0 на гости кај Ренова, додека Борец со 2:0 ја победи Академија Пандев за продолжување на лошата низа на струмичкиот клуб. Пелистер и Македонија Ѓорче Петров се задоволија со реми без голови.
ПРВА ЛИГА, 5.КОЛО
Борец – Академија Пандев 2:0
Пелистер – Македонија Ѓорче Петров 0:0
Ренова – Работнички 0:1
Вардар – Шкупи 1:0
Табела: 1.Шкендија 11, 2.Силекс 10, 3.Шкупи 10, 4.Работнички 8, 5.Борец 8, 6.Струга 7, 7.Македонија ЃП 7, 8.Вардар 7, 9.Пелистер 6, 10.Ренова 5, 11.Академија Пандев 3, 12.Беласица 0.
Фото: ФК Шкупи