Top Sport

Ѓоковиќ го стигна Сампрас, пред него е само Федерер

Новак Ѓоковиќ ја започна 286 недела на челната позиција на АТП листата. Ѓоковиќ на вечната листа се израмни со Пит Сампрас, а пред него е само Роџер Федерер (310).

На најновата АТП листа Ѓоковиќ е прв со 10.860 бодови, тој има 1.010 бдовои повеќе од Рафаел Надал. Победникот на Ју-Ес опен Доминик Тим остана на третото место но ја намали разликата во однос на Надал и Ѓоковиќ.

Австриецот има 700 поени помалку од Надал и 1.700 поени помалку од Ѓоковиќ.

АТП, Топ 10:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 10.860
2. Рафаел Надал (Шпанија) 9.850
3. Доминик Тим (Австрија) 9.125
4. Роџер Федерер (Швајцарија) 6.630
5. Данил Медведев (Русија) 5.890
6. Стефанос Циципас (Грција) 5.175
7. Александар Зверев (Германија) 4.650
8. Матео Беретини (Италија) 2.940
9. Гаел Монфис (Франција) 2.860
10. Роберто Баутиста-Агут (Шпанија) 2.620

Scroll to Top