Обидот на Новак Ѓоковиќ да стигне до својата 18. гренд слем титула на САД опен имаше неславен крај, откако светскиот рекет број 1 беше дисквалификуван во четвртото коло против Пабло Карењо Буста откако со топчето ја удри линиската судијка откако загуби поен.
Рафа Надал, човекот кој има 19 гренд слема, вели дека тој немал среќа, но дека правилата се јасни.
„Последиците се тие и не се менуваат. Тука нема ништо ново. Новак немаше среќа, но правилата јасно кажуваат дека тоа е предавање на мечот. Жал ми е за него, бидејќи имаше шанса да стигне до титулата, но на некој начин не треба да го прави тоа. Многу несреќна ситуација, но важно е да имаш самоконтрола на теренот“, изјави Надал пред стартот на настапите на Мастерсот во Рим.
Надал беше еден од повеќето тенисери кои решија да не играат во Њујорк поради корона вирусот. Австриецот Доминик Тим, кого Надал го победи за да ги освои последните две титули од Ролан Гарос, стигна до титулата по фантастичната победа над Александер Зверев, со што се прекина низата од 13 гренд слема на кои победуваа Надал, Федерер или Ѓоковиќ.