Top Sport

Ковид-19 го одложи мечот Пик Сегед-ПСЖ

Натпреварот помеѓу Пик Сегед и ПСЖ во Лигата на шампионите е одложен поради позитивен тест на коронавирусот во унгарскиот тим.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека еден играч на Пик Сегед има коронавируси и дека поради тоа целиот тим е во изолација. ЕХФ поради новонастаната ситуација го одложи утрешниот натпревар.

Пик Сегед и ПСЖ се натпреварувата во А-групата во која се наоѓа и македонскиот шампион Вардар.

Црвено-црните во првото коло гостуваат во Белорусија кај Мешков Брест. Дуелот се игра денес од 18:45 часот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');