Top Sport

Јунајтед извиси, Тотенхем го „грабна“ Регуилон

Серхио Регуилон нема место кај Зинедин Зидан во Реал Мадрид, се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но на крајот ќе заврши во редовите на Тотенхем.

Реал за левиот бек бара 30.000.000 милиони евра и клаузула во договорот дека ќе може да го откупи неговиот договор и да го врати во Мадрид во наредните две сезони. Манчестер Јунајтед не се согласуваа со клаузулата поради што на крајот и се откажаа од Регуилон.

Од друга страна на Тотенхем вакавата клаузула не му претставува проблем. Според медиумите Тотенхем многу бргу постигнале договор со Реал и со 23 годишноот лев бек. Регуилон ќе потпише договор до 2025 година, а Реал ќе може да го откупи за 45.000.000 евра.

Тотенхем и Реал преговараат околу уште ден фудбалер, Герет Бејл, кој по шест години повторно би можел да се врати во Лондон.

Scroll to Top