Новак Ѓоковиќ избори пласман во третото коло на мастерсот во Рим. Првиот носител за еден час и 22 минути игра го победи домашниот играч Салваторе Карусо со 6/3, 6/2.
Ѓоковиќ во својот прв меч по дисквалификацијата то ја доживеа на Ју-Ес опен одигра сосема солиден меч. Сервисот беше најсилното негово оружје во овој меч, не му дозволи на противникот ниту една брејк топка, а во исто време успеа три пати да му го одземе сервисот на Карусо.
Во првиот сет Ѓоковиќ направи брејк во осмиот гем, а мечот го реши брејкот што го направи во третиот гем од вториот сет. Инаку тој гем траеше 12 минути.
Во наредната рунда Ѓоковиќ ќе игра против сонародникот Филип Крајиновиќ или Марко Чекинато од Италија.