Top Sport

Куман не може да седи на клупата на Барселона

Роналд Куман веќе еден месец е тренер на Барселона. На функцијата тој го наследи Кике Сетиен кој доби отказ по дебаклот во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Новиот тренер ја водеше Барселона на два контролни натпревари, но прашање е кога ќе може да седи на клупата на официјален натпревар.

Според правилата на Ла Лига, Куман нема да може да го води тимот на официјални натпревари сѐ додека клубот не го реши статусот на претходниот тренер, во овој случај тоа е Сетиен.

Кике Сетиен бара Барселона во целост да му го исплати договорот, додека клубот кој има финансиски проблеми се надева дека ќе може да најде некое компромисно решение, односно да му исплати помала сума на пари.

Барселона првиот меч во Ла Лига ќе го одигра за десет дена, дотогаш челниците треба да го решат проблемот со Сетиен, во спротивно Куман нема да може да го води тимот.

Scroll to Top