Top Sport

НБА му посвети видео на „српското величество“ Никола Јокиќ

НБА лигата му посвети интересна видео-компилација на Никола Јокиќ. Центарот на Денвер е тема во САД поради брилијантните партии во плејофот. Нагетс се првиот тим во историјата на НБА кој во еден плејоф два пати се враќал по негативата од 1:3. Денвер во седум натпревари ги елиминираа Јута Џез и ЛА Клиперс.

НБА поради тоа му посвети видео во кое се комплетирани моменти од неговото детство и атрактивни потези од НБА лигата.

„Вљубен сум во кошарката, професионално играм од 16 година, бргу се развивав. Правам исти работи на теренот што ги правев и претходно“, вели Јокиќ во видеото во кое НБА го нарекува „српско величество“.

„Многу работев за да дојдам до ова ниво. Кога дојдов тука си реков дека ќе се обидам да бидам најдобар според можностите. Се надевам дека еден ден ќе го освојам шампионскиот прстен. Тоа е мојата цел“.

 

Scroll to Top