Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука да ја стави во мирување А-групата од суперлигашката конкуренција. Одлуката е донесена откако Голден Арт КЛ7 пријави 16 позитивни случаи на коронавирусот.
Покрај во Голден Арт КЛ7, двајца позитивни има и во редовите на Радовиш. Овие тимови во понеделникот игра во рамките на Суперлигата.
Покрај овие два клуба во А-група се натпреваруваат Струга, Астраион, Охрид, Тинекс Пролет и Јуниор Кисела вода.