Германската пливачка Елена Кравцов, која е слепа, е првата параолимпијка која се појавила на насловната страница на германското издание на „Плејбој“.
26-годишната Кравцов, која е по потекло од Казахстан, е двократна освојувачка на злато од Светските првенства и освојувачка на бронза од Параолимпијадите. Таа не ја гледала камерата бидејќи има само 3 отсто од својот вид, поради болеста Саргард од која заболела на само седум години, но признава дека уживала во фото-сесијата.
„Не можев да пропуштам ваква шанса. Секогаш сакав да искусам еден ден како професионален модел и навистина се забавував. Пријатно сум изненадена од одличниот прием на фотографиите“, вели Кравцов.