Швајцарскиот тенисер Марко Киундели ќе се пензионира по домашниот турнир во Базел следната недела, по што доби тренинг сесија со својот близок пријател, Роџер Федерер.
36-годишниот Киундели во моментов е 353. на АТП-листата и доби вајлд-карта за настап на турнирот.
„Трендот води во оваа насока од летото. Имав тешка година и се чувствував добро само на неколку турнири. Можев да го кренам рекетот само четири-пет дена и тоа ми помогна да ја донесам одлуката“, вели Киундели во интервју за „Блик“.
Basel ❤️
So happy to be back in ??
Here with my man the MC @mchiudinelli33 pic.twitter.com/mU6U4aPGZC— Roger Federer (@rogerfederer) October 20, 2017
Помеѓу најдобрите успеси на Киундели се освојувањето на Дејвис купот со Швајцарија во 2014 и третото коло на САД опен во 2006 и 2009 година, двапати како квалификант. Во 2009 тој играше во полуфиналето во Базел, каде што загуби од долгогодишниот пријател Роџер Федерер.
„Тоа беше посебен меч, бидејќи трениравме заедно и работевме како момчиња кои ги собираат топчињата на турнирот. Што ќе правам понатаму? Не знам, но не мора да е поврзано со спортот“, вели Киундели, кој си заминува од тенисот со 10 сингл титули – 7 на ИТФ турнејата и 3 на АТП челенџ турнејата.
?️Danke, merci & grazie to our @DavisCup player @mchiudinelli33! #SupportTheSwiss pic.twitter.com/d0WGXB8Goy
— Swiss Tennis (@swiss_tennis) October 21, 2017