Кристијано Роналдо не е човек кој се задоволува со малку, а уште еден доказ за тоа е изјавата на новото засилување на Јувентус, Дејан Кулушевски при мечот со Сампдорија, кој „бјанконерите“ го добија со 3:0.
20-годишниот Швеѓанец со македонско потекло, постигна гол при победата, но призна дека по постигнувањето на голот, Роналдо му порачал да турка повеќе и да биде подобар во мечот.
„Кристијано? Тој е фантастичен, учам многу од него и имам среќа што сум со него во клубот. На 2:0, тој ми кажа да продолжам да ’туркам’ напред“, вели Кулушевски.
Очигледно, ЦР7 се поставува во улога на ментор на 35 години на 15 години помладиот соиграч.