Фудбалерите на Реал Мадрид кои минатата сезона го освоија Суперкупот на Шпанија и титулата во Ла Лига му заштедија на клубот 25.000.000 евра. Капитенот Серхио Рамос предложил, а тие се согласиле да се откажат од премиите то требало да ги добијат за освојувањето на овие трофеи.
Радиото „Кадена Копе“ објави дека гарантираните премии за титулата во Ла Лига биле 700.000 евра за секој фудбалер, односно 300.000 евра за трофејот во Суперкупот.
Прв од премиите се откажал Рамос, а неговиот пример го следеле и останатите играчи. Реал на овој начин заштеди 25.000.000 евра што ќе му помогнат полесно да ја преброди финансиската криза што ја предизвика коронавирусот.