Звонимир Бобан би можел повторно да биде спортски директор во фудбалскиот клуб Милан. Сензационалното враќање на Бобан го најавува „Ла Република“.
Бобан до пред неколку месеци ја извршуваше оваа функција но замина отткако јавно ги нападна извршниот директор Иван Газидис и сопственикот на „Елиот Менаџмент“, поради нивната желба да го ангажираат Ралф Рагник.
Бобан го обвини Газидис дека му „работел од зад грб“.
Планот на Газидис бил Рагник да ги обедини функциите, односно да биде тренер и спортски директор.
Според „Ла Република“ Бобан и Газидис ги решиле своите несогласувања и дека Паоло Малдини ја започнал да работи на враќањето на Хрватот во клубот.