На отворањето на сезоната во Серија А Верона и Рома одиграа нерешено без голови. Сепак, официјално Верона ќе дојде до службени 3 бода од тој меч, и тоа со гол разлика 3:0.
Причина за ваквиот развој на настаните е грешката што ја направија челниците на тимот од Рим.
Играчот од средниот ред на „волчицата“, Амаду Диавара по грешка се нашол на списокот на играчи на Рома, помлади од 22 години. Кога клубовите го предаваат списокот со фудбалери, вкупно се 25, има играчи кои се под и над 22-годишна возраст.
Грешката настанала кога играчот од Гвинеја кој во јули го прослави својот 23-ти роденден поради тоа што тој веќе не смеел да биде во списокот на играчит по 22 години.
Одлуката на Италијанската фудбалска федерација е Рома да се казни со службен пораз, по што има најави дека „волчицата“ ќе се жали затоа што со оваа грешка не се стекнала никаква корист.
Инаку, Диавара на мечот во Верона беше стартер и играше се до 89 минута. Минатата сезона одигра 30 меча за Рома.