Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер инсистира дека неговиот клуб му понудил на Давид Алаба „фер и конкурентен“ договор, продолжувајќи го „натегањето“ со Австриецот во кое паднаа и тешки зборови.
Алаба ја започна последната сезона под договор со Баварците и преговорите траат подолго време. Поранешниот претседател на Баварците, Ули Хенес го обвини неговиот агент Пини Захави дека е „пирана“ и посочи дека 28-годишниот дефанзивец има лоши советници.
„Ули Хенес е човек од јавниот фудбалски живот и понекогаш е преостар. Но, во принципот не згреши. Пандемијата на корона вирусот ги покажаа сите економски недостатоци во фудбалот. Ние му понудивме на Алаба фер и конкурентен договор, а до него е дали ќе го прифати. Ние на крај имаме план Б и план Ц“, вели Хајнер.
Алаба има 437 настапи за Баерн, освојувајќи девет бундеслигашки титули и трофеј од Лигата на шампионите.