Тео Ернандез признава дека не воопшто не размислувал за трансфер во Милан, бидејќи имал директен контакт со својот херој од детството, Паоло Малдини.
22-годишниот лев бек на Милан ја почна сезоната со асистенциај при 2:0 победата над Болоња во понеделникот, за да продолжи со импресивните настапи за „росонерите“ по трансферот од Реал Мадрид во јули 2019 вреден 20 милиони евра. Тој имаше само 13 настапи за Реал, а беше позајмен во Алавес и Реал Сосиедад, и вели дека одлуката за преселба во Серија А била лесна.
„Многу лесно! Тоа е клуб кој е втор на листата по бројот на титули од Лигата на шампионите! Тоа е Милан! Кога слушнав дека се заинтересирани, веднаш знаев дека тоа е клубот за мене. Кога ми се јави Паоло и ми кажа дека сака да зборува со мене на Ибица, беше неверојатно. Покажа доверба и ме убеди дека Милано може да биде мојот дом. За мене тој беше легенда и великан. Уште добивам совети од него“, вели Ернандез.