Top Sport

Алкантара не го допре знакот „This is Anfield“ по совет на Торес

Тијаго Алкантара стана инстант миленик на навивачите на Ливерпул и надвор од теренот, откако реши да испочитува една важна традиција на клубот, и не го допре знакот „Ова е Енфилд“ (This is Anfield) по совет на еден човек, кој, неславно го допре – Фернандо Торес.

При неговата презентација тој само стои зад знакот.

„Како што еднаш слушнав од Торес, ова останува секогаш местото низ кое поминуваме, во мојот случај четири години. Да се допре симболот треба да се залужи и да се освојат што е можно повеќе трофеи. Затоа денеска ќе ја испочитувам традицијата“, вели Алкантара.

Фотографиите покажуваат дека Торес го допре славниот знак заедно со тогашниот менаџер Рафаел Бенитез кога се приклучи на клубот во 2007 година.

Scroll to Top